news-bg

Новости

Проект:
ЧОВЕКОВИ ПРАВА ЗА СИТЕ

ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ 06/2020

За потребите на проектот „Човекови права за сите” финансиран од Европската Унија, во рамки на ИПА програмата за граѓанско општество и медиуми 2018-2019 – Оперативна поддршка за граѓански организации во Република Северна Македонија , Договорот за грант меѓу ЕУ и ИЧП, бр. 0307-81/1 од 19.12.2019 година (во понатамошниот текст: Договор за грант),  Институтот за човeкови права испраќа:

 ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ 06/2020

за набавка на услуги - ангажирање на

ОБУЧУВАЧИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ТРИ ОБУКИ ЗА ПРИСТАП ЗАСНОВАН НА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

 

Доколку сте заинтересирани Ве повикуваме да доставите понуда во согласност со Повикот 06/2020. 

Во прилог можете да ги пронајдете релевантните документи:

- Покана за доставување понуди 06/2020 

- Проектна задача ТOR 06/2020  

Крајниот рок за доставување на понудите е до 14.9.2020 година на маилот ihr@ihr.org.mk  со назнака „Понуда за обучувач-Човекови права за сите“.

Деталите се образложени во поканата и проектната задача.

 

За сите дополнителни појаснувања може да се обратите на е-маил адреса ihr@ihr.org.mk.  најдоцна до 11.9.2020 година.