projects-bg

Реализирани проекти

ЗГОЛЕМЕН ЈАВЕН НАДЗОР НАД УПРАВНИОТ СУД

Донатор: Француска амбасада во Скопје

Времетраење: од 01.08.2023 до 31.01.2024


Општата цел на проектот е да се истакне значењето на пристапот до административна правда за сите, со посебен фокус на маргинализираните групи и да се зајакнат капацитетите на Управниот суд во постапувањето со предмети поврзани со социјалните права преку имплементација на заклучоци и препораки кои ќе произлезат од процесот на мониторинг.

Специфична цел 1: Да се зголеми јавната свест и разбирање за конкретните постапки кои се однесуваат на социјалните права и надлежностите на Управниот суд.

Специфична цел 2: Да се подигне свеста за важноста на пристапот до правдата пред Управниот суд, особено за маргинализираните групи, во нивната потрага по социјалните права.


Активности во рамките на проектот:

  1. Следење на судските рочишта пред Управниот суд;
  2. Подготовка на мониторинг извештај кој содржи заклучоци и препораки произлезени од процесот на мониторинг; и 
  3. Јавна кампања за подобрување на пристапот до управната правда.

Целни групи:

Управен суд, Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, Фонд за здравствено осигурување, Виш управен суд, Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и ранливи и маргинализирани групи граѓани.

project-img
news-bg

Новости

post-img

Инфографик за поднесување на тужба пред Управен суд

Повеќе
post-img

Инфографик за семејна и старосна пензија

Повеќе
post-img

Инфографик за социјална сигурност за стари лица

Повеќе
post-img

Инфографик за лекување во странство

Повеќе
post-img

Годишен извештај за работата на Управниот суд при одлучување во предмети коишто се однесуваат на социјални права

Повеќе