Донатор: Француска амбасада во Скопје
Времетраење: од 01.08.2023 до 31.01.2024
Општата цел на проектот е да се истакне значењето на пристапот до административна правда за сите, со посебен фокус на маргинализираните групи и да се зајакнат капацитетите на Управниот суд во постапувањето со предмети поврзани со социјалните права преку имплементација на заклучоци и препораки кои ќе произлезат од процесот на мониторинг.
Специфична цел 1: Да се зголеми јавната свест и разбирање за конкретните постапки кои се однесуваат на социјалните права и надлежностите на Управниот суд.
Специфична цел 2: Да се подигне свеста за важноста на пристапот до правдата пред Управниот суд, особено за маргинализираните групи, во нивната потрага по социјалните права.
Активности во рамките на проектот:
Целни групи:
Управен суд, Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, Фонд за здравствено осигурување, Виш управен суд, Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и ранливи и маргинализирани групи граѓани.