news-bg

Новости

Проект:
ЗГОЛЕМЕН ЈАВЕН НАДЗОР НАД УПРАВНИОТ СУД

Годишен извештај за работата на Управниот суд при одлучување во предмети коишто се однесуваат на социјални права

Институтот за човекови права редовно ги следи јавните расправи пред Управниот суд во предмети коишто се однесуваат на социјалните права. Цел на оваа активност е да се анализира пристапот до административната правда за сите граѓани, со посебен осврт на маргинализираните и ранливите групи граѓани (приматели на социјална помош, лица со попреченост, Роми, самохрани родители, повозрасни граѓани и слично).

Извештајот е подготвен врз основа на следење на јавните расправи од областа на социјалните права и тоа: старосна пензија, надомест за лекување во странство, надомест за набавени лекови, семејната пензија и други. На крај извештајот дава препораки коишто се однесуваат на управната администрација и на јавните органи при водењето на управните постапки и препораки кои се однесуваат на Управниот суд во постапувањето и водењето на управните спорови.


Целосниот извештај на македонски јазик е достапен тука.

Целосниот извештај на албански јазик е достапен тука.

Целосниот извештај на англиски јазик е достапен тука.  


Извештајот е изработен со финансиска поддршка од Европската Унија и кофинансиран од Француската амбасада. 

project-img project-img project-img