projects-bg

Тековни проекти

ЗА ПРАВДА – ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА НЕЗАВИСНО И ЕФИКАСНО СУДСТВО

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) го спроведува проектот во партнерство со Институтот за човекови права (ИЧП), Институт за европска политика (ЕПИ), Центар за правни истражувања и анализи (ЦПИА), Коалиција „Сите за правично судење“ (КСПС) и Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Северна Македонија (ХКЧП).

Донатор: Фондацијата Отворено општество - Македонија
Времетраење: од 01.01.2023 до 30.06.2024 година

Генерална цел на проектот е зголемување на влијанието на граѓанските организации во процесот на реформи во правосудството како предуслов за заштита на човековите права и обезбедување социјална правда.

Активности:

  1. Следење и оценка на процесот за изработка и содржината на Стратегијата за реформи во правосудството 2023 – 2027, придонес кон изработување методологија за следење на спроведување на Стратегијата и следење на спроведувањето на Стратегијата и публикување на наодите;
  2. Работни состаноци за координација и соработка со тематски мрежи и платформи, како и со граѓански организации со цел идентификување на специфични проблеми и предизвици и планирање заеднички активности за застапување;
  3. Учество во работни групи за изработка на закони и други прописи кои произлегуваат или се предвидени во стратешките документи во областа на правосудството;
  4. Следење на актуелните состојби во правосудството;
  5. Спроведување Watchdog активности, изложување на негативните состојби и обезбедување заложби од клучните чинители за нивно надминување;
  6. Спроведување активности за скрининг процес поврзани со кластерот 'Основи' (Fundamentals) / Поглавјето 23;
  7. Изработка на работен документ за идентификување на празнини во домашното законодавство, политики и практики како и проблемите и тешкотиите со кои државата може да се соочи во понатамошниот процес на усогласување во поглед на Поглавјето 23;
  8. Завршна конференција за презентирање на наодите.

www.blueprint.org.mk

Блупринт групата за реформи во правосудството е неформална мрежа на граѓански организации кои во изминатите години работат и делуваат во областа на правосудството. Блупринт групата преку досегашното следење на Стратегијата за реформи во правосудството (2017-2022) истакна релевантна и професионална експертиза во проценка на квалитетот на предложените мерки и политики во областа на правосудството и се позиционираше како клучен чинител од граѓанскиот сектор кој учествува во реформите во овој сектор. 

Блупринт групата останува посветена на овие процеси и со своето искуство и со својата експертиза ќе продолжи да придонесува за целосно, квалитетно, транспарентно и инклузивно спроведување на реформите во правосудниот систем, со цел воспоставување на принципот на владеење на правото, враќање на довербата на граѓаните во судството и успешни евроинтеграции.

Претходни проекти:

  • За ПРАВДА – Граѓански придонес за унапредување на правосудството (мај 2022 – декември 2022)
  • За ПРАВДА – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството 2021 (април 2021 – јануари 2022)
  • ЗА ПРАВДА – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството 2020-2021 (мај 2020 – февруари 2021)
  • ЗА ПРАВДА – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството 2019 – 2020 (јули 2019 – март 2020)
  • ЗА ПРАВДА – Заедничка акција за следење на судските реформи и застапување за нивно спроведување (јули 2018 година – јули 2019 година)
project-img project-img
news-bg

Новости

post-img

СООПШТЕНИЕ: Блупринт групата се повлекува од понатамошно учество и давање придонес во процесот на изработка на новиот Кривичен Законик

Повеќе
post-img

БЛУПРИНТ ГРУПАТА ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РСМ ИСПРАТИ БАРАЊЕ ЗА НЕПОТПИШУВАЊЕ НА УКАЗОТ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК

Повеќе
post-img

РЕАКЦИЈА ПО ПОВОД ИЗМЕНИТЕ НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК ВО СКРАТЕНА ПОСТАПКА

Повеќе
post-img

Реакција по повод избори на два членови на Судскиот совет на РСМ од редот на судиите и изборот на јавни обвинители од Советот на јавни обвинители на РСМ

Повеќе
post-img

Реакција по повод случувањата во Судски совет на РСМ во врска со кандидатурите за членови

Повеќе
post-img

Номинација на членови во комисијата за спроведување на избори за членови на Судски совет

Повеќе
post-img

Судскиот совет продолжува со незаконитото и нетранспарентно постапување - реакција по повод случувањата во Судскиот совет на РСМ на седниците одржани на 4 мај 2023

Повеќе
post-img

Реакција на Блупринт групата по повод случувањата во Судскиот совет на РСМ на седницата одржана на 26.04.2023

Повеќе