projects-bg

Реализирани проекти

За правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството 2019 – 2020

Коалиција „Сите за правично судење“ во партнерство со Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија (МХК), Македонско здружение на млади правници (МЗМП), Институт за човекови права (ИЧП), Здружение на граѓани – институт за европска политика (ЕПИ) и Центар за правни истражувања и анализи (ЦПИА) ќе го спроведува проектот.

Времетраење: од 01.07.2019 до 29.02.2020 година.

Општа цел: Зголемено влијание на граѓанските организации врз процесот на спроведување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017 – 2022) и зајакнување на независноста и непристрасноста на судството.

Посебни цели: (1) Да го оцени спроведувањето на Стратегијата во однос на почитувањето на временската рамка утврдена со Акцискиот план, транспарентноста на процесот, како и нивото на вклученост на засегнатите страни и граѓанскиот сектор; (2) Да го оцени квалитетот на предложените закони и политики, како и степенот на реализирање на целите поради кои истите се донесени; (3) Да влијае на процесот на реформи во правосудството преку изработка и доставување на препораки засновани на докази за предложените закони и политики и унапредување на јавната дебата

Главни активности се во вид на следење (мониторинг), активности за анализа и активностите за застапување.

Очекувани резултати

  • Три квартални извештаи со оценка на навременоста, инклузивноста и транспарентноста на имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор со инфографици
  • Две тематски анализи со оценка на квалитетот и применливоста на донесените закон и мерки за предвидени со Стратегијата за реформа на правосудниот сектор
  • Доставени предлози и коментари на ЕНЕР за најмалку шест (6) предлог или нацрт закон опфатен со Стратегијата
  • Изработени најмалку 2 документи за јавни политики во кои се даваат насоки за предвидените измени
  • Учество на најмалку четири состаноци на Советот за следење на реформите во правосудството и споделување на мислењата и ставовите на групата
  • Одржани 4 тематски брифинзи со новинари во однос на спроведувањето на Стратегијата
  • Учество на претставници од Блупринт групата во најмалку шест (6) работни групи за изработка на предлог закони
  • Доставени најмалку една (1) иницијатива за одржување на јавна расправа пред работните тела на Собранието на РСМ
  • Информирана јавност за процесот на спроведување на реформите во правосудството и
  • Зголемена препознатливост на Блупринт групата за правосудството во јавноста и меѓу стручната јавност

Целни групи:

Директни целни групи: Влада на РСМ, Министерство за правда, Собрание на РСМ, Советот за следење на реформите во судството, Судски совет на РСМ, Совет на Јавни обвинители, Специјалното јавно обвинителство, Академија за судии и јавни обвинители, судови, Уставен суд, Здружение на судии, коморските организации на адвокатите, нотарите, извршителите и медијаторите.

Индиректни целни групи: Граѓански сектор, медиуми, граѓани на РСМ 


project-img
news-bg

Новости

post-img

Завршна конференција на проектот „За правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството во 2021 година“

Повеќе
post-img

Унапредување на реформите во правосудството – Кон враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Повеќе
post-img
post-img
post-img

Да се стави крај на профитерството во време на животно-загрозувачка криза

Повеќе
post-img

Анализа на донесените уредби со законска сила за време на вонредната состојба во 2020

Повеќе
post-img

Приоритетно ставање на дневен ред на седница на Собранието на РСМ на Предлог – законот за огласување ништовност и поништување на правните акти и правни последици од постапките за лустрација

Повеќе
post-img

ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА ПРИОРИТЕНО ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

Повеќе
post-img

Повик до политичките партии за потпишување на Декларација за приоритетно донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација од страна на Собранието на Република Северна Македониј

Повеќе
post-img

Кога чуварите на правото ќе потфрлат, граѓаните го носат товарот

став на Блупринт групата на граѓански организации за реформи во правосудството во врска со укинувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација

Повеќе
post-img

Реакција по укинувањето на законот за спречување и заштита од дискриминација

Повеќе
post-img

Eфикасна кривична правда: преглед на предметите иницирани од СЈО

Повеќе
post-img

Aнализа на квалитетот на реформите кои се однесуваат на избор, избор во повисок суд и разрешување на судиите

Повеќе
post-img
post-img

Aнализа на капацитетите и ресурсите на Jавното обвинителство во РСМ

Повеќе
post-img

Потребно e свикување на подготвителна седница или јавна расправа во Уставниот суд на која експертската јавност би имала можност да даде своја правна аргументација за Законот за спречување и з

Повеќе
post-img

Со пролонгирање на изборот на судии се доведе во прашање и ефикасноста и ефективноста на Судскиот совет при избор и разрешување на судии

Повеќе
post-img

Брифинг за новинари: Законот за поништување на лустрацијата треба да биде донесен пред да се распушти Собранието

Повеќе
post-img
post-img
post-img

Правните последици од процесот на лустрација сè уште остануваат во сила

Повеќе
post-img
post-img

Уставниот суд, преку злоупотреба на институтот „правна сигурност“, се обидува да ги спаси од кривичен прогон обвинетите и осомничените за злоупотреби

Повеќе
post-img
post-img

БЛУПРИНТ ГРУПА: СЈО како институција треба да продолжи со работа

Повеќе
post-img

БЛУПРИНТ ГРУПА: Предложените амандмани би ја нарушиле интеграцијата и автономното постапување на СЈО

Повеќе
post-img

Блупринт група: СЈО како институција треба да се интегрира, а не преку ноќ да се асимилира во јавнообвинителскиот систем

Повеќе
post-img

Блупринт група: Донесените закони се добра основа за промени, потребна е доследна имплементација

Повеќе