news-bg

Блог

Насоки за блог

Блогот на Платформата за човекови права е место каде што авторите имаат шанса да анализираат релевантни и актуелни теми поврзани со човековите права, како и да ги искажат своите ставови преку концизни и аргументирани искажувања. Целта на овие блогови е да се развие дебата во општеството која ќе помогне кон нови критички мислења и едукација за одредени проблематики. Блоговите се наменети за одредена специфична тема и се преферираат блогови кои би го поттикнале читателот дополнително да прочита за темата и да истражи на истата. За таа цел блоговите треба да содржат неформален јазик и да бидат напишани на стил кој е разбирлив за широката јавност.

Технички аспекти

Должината на објавите на блогот треба да биде од 1000-1500 зборови

Референцирањето ќе се врши со користење на хиперлинкови како во примерот подолу

Согласно со Европската конвенција за човекови права.

Пожелно е авторот да напише 2-3 реченици зa себе, ова ќе биде објавено во склоп на блогот.

За сите дополнителни информации можете да исконтактирате на следните меилови  vesna.stefanovska@ihr.org.mk и tamara.donevska@ihr.org.mk

Објавите на блогот ќе се објавуваат на неделно ниво, сите заинтересирани автори можат да се обратат на меилот ihr@ihr.org.mk