news-bg

Новости

Проект:
СЕКСУАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И РОДОВ ИДЕНТИТЕТ (СОРИ) - ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

Завршна конференција во рамки на проектот „Сексуална ориентација и родов идентитет (СОРИ) - Заштита од дискриминација“

На 17.12.2020 година, Институтот за човекови права одржа завршна конференција во рамки на проектот „ Сексуална ориентација и родов идентитет (СОРИ) - Заштита од дискриминација “ во Europe House Skopje.

Во текот на овој настан беа презентирани наодите, постигнувањата и препораките кои беа изработени и произлегоа од проектните активности. 

Во поздравните обраќања и во текот на целата конференција се потврди потребата за поинтензивно работење на подигање на свеста за постоење на дискриминацијата, што претствува таа, кои се последниците од дејствијата на дискриминација, а сè со цел да се развие емпатија и почитување на различностите меѓу луѓето.

Во поздравните обраќања се обратија Маргарита Цаца Николовска, Претседателка на Институтот за човекови права, Анке Холштајн, Амбасадорка на Германската Амбасада во Скопје и Јагода Шахпаска, Министерка за труд и социјална политика. Се истакна потребата за подигнување на свеста на граѓаните за дискриминацијата, нивна заштита и сузбивање на дискриминацијата како појава.

Илина Велјановска ја презентираше првата  онлајн академија за неформално образование во областа на човековите права www.ihracademy.org.mk  и  Велимир Деловски го презентираше првиот онлајн курс за стратешко застапување за случаи на дискриминација.

Маргарита Цаца Николовска и Вера Коцо ја презентирааа Анализа на процесот за овозможување спречување и заштита од дискриминација во Северна Македонија.

Оваа конференција се одвиваше на хибриден начин со дел од говорниците во студио, додека пак учесниците имаа шанса да ја следат целата конференција онлајн преку платформата Zoom

Проектот „Сексуална ориентација и родов идентитет (СОРИ) - Заштита од дискриминација“ е поддржан од Германската Амбасада во Скопје
project-img project-img project-img project-img