news-bg

Новости

Проект:
ЗА ПРАВДА – СЛЕДЕЊЕ НА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА РЕФОРМИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО 2019 – 2020

Завршна конференција на проектот „За правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството во 2021 година“

На 29.03.2022 се одржа завршна конференција на проектот „За правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството во 2021 година“ која поттикна дебата помеѓу правосудните институции и граѓанските организации за идентификувањето на неопходни мерки за враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем во пресрет на отпочнувањето на процесот за изработка на нов стратешки документ за реформи во оваа област. 
Учесници беа претставници на правосудните институции, судии, адвокати, јавни обвинители, претставници на граѓанските организации, претставници на проекти кои работат на поддршка на реформите како и претставници од амбасадите кои ги поддржуваат реформските процеси. 
На првиот панел се разгледуваа улогата и обврските на посебните правосудни институции и правните професии во реформските процеси во правосудството со нагласок на  учеството на посебните правосудни институции и професионалните организации на правници во планирањето и спроведувањето на реформите, капацитетите на правосудните институции како и на обврските на секоја од институциите, согласно уставните и законските надлежности, зајакнувањето на независноста на судската власт како предуслов за целосно почитување на начелото на владеење на правото.
Во вториот панел, претставници од граѓанските организации дискутираа за потребата од суштински реформи во областите како што се борба против корупцијата, спречување дискриминација, заштита на животната средина и процесуирање на родово базираното насилство.
На конференцијата се презентираа и клучните наоди и заклучоци од Извештајот во сенка за спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството во 2021 година кој беше изработен од Блупринт групата.
Членки на Блупринт група за реформи во правосудството:
project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img