news-bg

Новости

Проект:
БОРБА ПРОТИВ САЈБЕР БУЛИНГ ВРЗ ДЕВОЈЧИЊА

Завршен настан „Борба против онлајн врсничко насилство врз девојчиња“

На ден 06.03.2024 година, Институтот за човекови права одржа завршен настан на тема „Борба против онлајн врсничко насилство врз девојчиња“. Овој настан имаше за цел прикажување на реализираните активности од страна на Институтот, кои даваат детални прикази за состојбата со онлајн врсничкото насилство кај средношколците, односно нивните гледишта и перцепции на оваа тема.


Воведен говор имаше г-а. Јелена Кадриќ - извршна директорка на Институтот за човекови права, која накратко го презентираше проектот „Борба против сајбер-булинг врз девојчиња“ и ги претстави активностите на коишто Институтот работеше во последните 4 месеци.

На настанот беа презентирани резултати од спроведената анкета, којашто беше подготвена од анкетната агенција ДЕСО. Г-дин. Ристо Карајков, како претставник на анкетната агенција ДЕСО, даде конкретен осврт на добиените резултати од анкетата, потенцирајќи дека средношколците најголем дел од своето слободно време го поминуваат на социјалните медиуми, односно во просек нешто повеќе од 4 часа. Дополнително, резултатите покажуваат дека секој десетти ученик бил жртва на онлајн врсничко насилство во изминатата година; споредено по пол, девојчињата се почесто жртви на онлајн врсничко насилство од момчињата. 

По презентацијата на добиените резултати, се обрати г-дин. Мартин Сопронов - консултант на проектот, кој што ги презентираше главните заклучоци и согледувања од спроведените фокус групи и едукативни работилници со среднопколци од Скопје, Штип и Битола. Според средношколците, најголем дел од онлајн врсничко насилство (сајбер булинг) се случува на социјалните мрежи и притоа, најголем дел од тоа се случува на мрежата каде што младите се најприсутни - Инстаграм. Исто така, средношколците истакнаа за потребата од едукација за онлајн врсничко насилство, започнувајќи од основните училишта, каде сметаат е најзастапено.

Исто така беа презентирани заклучоци од г-а. Даниела Антоновска - авторка на „Родово базирана анализа на објави на социјалните медиуми поврзани со сајбер булинг“, која ги даде предлозите за подобрување на состојбата во нашата држава во однос на тема онлајн врсничко насилство. Се истакна дека игнорирање на онлајн врсничко насилство повеќе не е најефективна мерка во борба против овој вид на насилство, туку дека треба да се застане на вистинската страна - против вршењето на онлајн врсничко насилство.

Завршниот настан е организиран во рамките на проектот „Борба против сајбер-булинг врз девојчиња“ кој го спроведува Институтот за човекови права, со финансиска поддршка од Канадската амбасада во Белград.

project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img