news-bg

Новости

Проект:
АКЦИЈА ЗА ПОГОЛЕМА ТРАНСПАРЕНТНОСТ, ОТЧЕТНОСТ И ЕФЕКТИВНОСТ НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РСМ

Втора работилница за односи со јавноста

На 5 и 6 март 2020 година се одржа втората работилница за односи со јавноста, чија цел е подобрување на односот со јавноста на Судскиот совет на РСМ. На оваа работилница детално беа опфатени алатките за комуникација со јавноста, односно соопштенијата, изјавите, интервјуто, прес-конференцијата и медиумските настани.

За потребите на Судскиот совет е изработен и прирачник за односите со јавноста и ефективното комуницирање на ССРСМ. Во прирачникот се опфатени теми во врска со лицето/тимот задолжено/и за односите со јавност, обработени комуникациските алатки и детално се обработени истите, внатрешната и надворешната комуникација, односите со медиуми и ефективно презентирање.

Работилницата е спроведена во рамки на проектот „Акција за поголема транспарентност, отчетност и ефективност на Судскиот совет на РСМ“ поддржан од Британската Амбасада во Скопје.

project-img project-img