news-bg

Новости

Проект:
ИНСТИТУЦИОНАЛЕН ГРАНТ

ВТОР МОНИТОРИНГ БРИФ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ОДЛУКИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА (ЕСЧП) ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Пресуди на ЕСЧП од 2016 во кои Република Македонија е странка против која е поднесена апликацијата

(период на известување: јуни-декември)


1. Предмет Митров против Република Македонија (пресуда од 2.6.2016)[1]

Повреди на членот 6 од Конвенцијата

ОД ТИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ, ЕДНОГЛАСНО

  1. Ја прогласува жалбата за допуштена;
  2. Смета дека има повреда на членот 6 од Конвенцијата во поглед на жалбените наводи за непристрасноста на основниот суд;
  3. Смета дека нема потреба да ја преиспита жалбата во однос на останатите жалбени наводи согласно членот 6 став 1 од Конвенцијата;
  4. Смета:

(a) дека тужената Држава треба во рок од три месеци, сметано од датумот кога пресудата ќе стане конечна во согласност со член 44 став 2 од Конвенцијата, да му ги плати на жалителот следните износи, кои треба да се конвертираат во национална валута на тужената Држава, по стапка која е применлива на денот на исплатата:

(i) 3,600 евра (три илјади и шестотини евра), плус било кој данок кој би можел да се наплати, на име на нематеријална штета;

(ii) 660 евра (шестотини и шеесет евра), плус било кој данок кој би можел да се наплати, на име на трошоци и расходи, и

(b) дека по истекот на горенаведените три месеци до исплатата ќе биде исплатена обична камата на горните суми, по стапка еднаква на стапката на позајмица на Европската Централна банка за односниот период, плус трипроцентни поени;

  1. Го отфрла остатокот од барањето на жалителот за правична оштета.

 

2. Предмет Петреска против Република Македонија (пресуда од 21 јули 2016)[2]

Повреди на членот 6 од Конвенцијата

ОД ТИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ, ЕДНОГЛАСНО

  1. Го прогласува жалбениот навод за времетраење на постапката за допуштен, а остатокот од жалбата за недопуштен;
  2. Смета дека има повреда на членот 6 од Конвенцијата во поглед на времетраење на постапката;
  3. Смета:

(a) дека тужената Држава во согласност со член 44 став 2 од Конвенцијата треба во рок од три месеци откако пресудата ќе стане конечна, да ѝ ги исплати на жалителката следните суми, кои треба да бидат конвертирани во националната валута на тужената држава по стапка која е применлива на денот на исплатата:

(i) 1.200 евра (илјада и двесте евра) плус било која такса која што може да биде наплатена, во поглед на нематеријална штета;

(ii) 800 евра (осумстотини евра), плус било која такса која што може да биде наплатена во поглед на настанати трошоци;

(b) дека по истекот на горенаведените три месеци до исплатата ќе биде исплатена обична камата на горните суми, по стапка еднаква на најниската каматна стапка за позајмени средства од Европската Централна банка за односниот период, плус трипроцентни поени;

  1. Го отфрла остатокот од барањето на жалителката за правична оштета.

 

ЗАКЛУЧОК

Од судската пракса на ЕСЧП во однос на Република Македонија за втората половина на 2016 година може да се заклучи дека со пресудите се завршени:

  • Два случаи во кои е констатирана повреда на членот 6 од Конвенцијата.

Според горенаведеното, Судот во сите случаи утврдил повреда на член 6 од Конвенцијата кој се однесува на правото на правична судска постапка според кој секој има право на правично судење, во разумен рок, пред независен и непристрасен суд.  

Правораздавањето на Европскиот суд за човекови права не се однесува само на конкретните засегнати страни, туку треба да биде и патоказ во создавањето на прописи кои обезбедуваат заштита, унапредување и промоција на човековите права.

 

[1] Официјалниот превод на пресудата е достапен на веб-страницата на Министерството за правда на следниот линк: http://www.pravda.gov.mk/documents/CASE%20OF%20MITROV%20v.%20-THE%20FORMER%20YUGOSLAV%20REPUBLIC%20OF%20MACEDONIA%20%C5%CD%20%CC%CA%20%C0%CD%C0%D1%D2%C0%D1%C8-%C0%20%CA%D3-%D3%CD-%C8-.pdf

[2] Официјалниот превод на пресудата е достапен на веб-страницата на Министерството за правда на следниот линк: http://www.pravda.gov.mk/documents/CASE%20OF%20PETRESKA%20v.%20-REPUBLIC%20OF%20MACEDONIA.pdf



Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.

project-img