news-bg

Новости

Проект:
ЗАЕДНО ДО ПОКВАЛИТЕТНО ЛОКАЛНО НОВИНАРСТВО

ВОДИЧ ЗА ПРИМЕНА НА ПРИСТАПОТ ЗАСНОВАН НА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО МЕДИУМСКАТА РАБОТА

Новинарството е многу сензитивна, воедно и одговорна професија, која, ако се сака да биде професионално и чесно извршена, бара многу познавања од најразлични сфери и проблематики, за да не се повреди, односно да се испочитува секое и сечие човеково право.

Пристапот заснован на човекови права е од суштинско значење за медиумите бидејќи ги поддржува принципите на достоинство, еднаквост и правда. Неговото користење (и правилно спроведување) во новинарската работа има капацитет да ги вклучи, зајакне и промовира правата на поединците, да го формира јавното мислење и да промовира етичко известување, притоа придонесувајќи кон поинклузивно и праведно општество кое ги почитува правата на сите.

Институтот за човекови права изготви Водич за примена на пристапот заснован на човекови права во медиумското работење кој треба да послужи како корисна алатка и насока за вклучување на принципите на човековите права при информирањето на јавноста. Цел на Водичов е да послужи како објаснувачки инструмент за надминување на оној вид информирање, кое завлегува во сферите на стереотипи и предрасуди кон одредени групи. Затоа, секоја вест и информација, особено од оваа сфера, треба темелно да се истражи, да се провери и професионално да се напише.

Водичот е достапен на македонски и албански јазик на веб страницата на ИЧП. 

ВОДИЧ ЗА ПРИМЕНА НА ПРИСТАПОТ ЗАСНОВАН НА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО МЕДИУМСКАТА РАБОТА

UDHËZUES PËR ZBATIMIN E QASJES SË BAZUAR NË TË DREJTAT E NJERIUT NË PUNËN E MEDIAVE
--------------------

Водичот е дел од проектот „Заедно за поквалитетно локално новинарство“ кој се спроведува во рамки на IPA 2020 EU FOR RULE OF LAW - EU support for Enhancing Journalistic Rights, а е финансиран од Европската Комисија.

project-img project-img