news-bg

Новости

Проект:
МЛАДИНСКИ АКТИВИЗАМ ЗА ИНКЛУЗИВНО ОПШТЕСТВО

Трибина на тема „Инклузивно образование“ во СУГС „Димитар Влахов“

Инклузивното образование е предуслов за создавање на инклузивно општество. Од огромна важност е да се ангажираат младите во развивање на дијалог за промовирање и негување на културни вредности и почитување на различностите.

Со таа цел, на 16 април 2024 година, во просториите на  СУГС „Димитар Влахов“ одржавме трибина на тема „Инклузивно образование“. Преку интерактивни активности и дискусија, учениците беа мотивирани да размислуваат за предностите и предизвиците на образованието во една мултиетничка средина и да споделат нивни идеи насочени кон промовирање на различноста и инклузијата.

#ConfidenceBuilding #EUsupport #WesternBalkans

-------------

Проектот „Младински активизам за инклузивно општество“ на Институтот за човекови права се спроведува во рамки на проектот „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“, кој е финансиран од Европската унија (ЕУ), а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

@UNDPEurasia

@UNDP MK

@Delegation of the European Union Skopje

project-img project-img