Во рамки на Вечерите на женски права 2021 година, на 29 март Институтот за човекови права одржа онлајн предавање за женските права и нивната важност како и за последиците кои се јавуваат како резултат на нивното непочитување, но и придобивките кои може да ги има целото општество со почитување на истите. Првото предавање се беше во СУГС „Орце Николов“ . За време на предавањето беа опфатени неколку аспекти поврзани со женските права, најважните документи и конвенции како и жените кои имале огромен удел во достигнувањето на моменталната состојба на женските права.
Вечерите на женски права се под покровителство на Град Скопје и канцеларијата на UN Women Skopje, a во соработка со Award Film & Video.