news-bg

Новости

Проект:
ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА ВРЗ ОСНОВА НА СЕКСУАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И РОДОВ ИДЕНТИТЕТ

Tрет Караван за информирање и едукација на граѓаните

Третиот Караван во рамките на Проектот „Заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“ се одржа на 22ри август (четврток) во Битола. Во близина на Центарот за културата беше поставен штанд на кој се делеа промотивни материјали поврзани со Проектот. Граѓаните на Битола имаа шанса да се запознаат со Проектот, активностите и програмaта за застапување кои се дел од истиот. Овие каравани се наменети за сите граѓани, особено за оние кои немаат пристап до интернет, а кои сакаат дополнително да се информираат и да се здобијат со поголемо разбирање за заштитата од дискриминација со фокус на сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Но, и доколку познаваат лица кои се дискриминирани врз овие основи да им помогнат и да ги информираат за програмата за застапување.

project-img project-img project-img project-img