news-bg

Новости

Проект:
МЛАДИТЕ ПРОТИВ ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО

Спроведена обука со ученици и родители од СОУ Гимназија „Гостивар“ и од ООУ „Гоце Делчев“ - Гостивар

На ден 14.11.2024 година во просториите на Гимназија „Гостивар“ беше одржана обука со ученици од прва година од СОУ Гимназија „Гостивар“ и ученици од деветто одделение од ООУ „Гоце Делчев“ од Гостивар на тема превенција, препознавање и санкционирање на врсничкото насилство. Јавните обвинителки во своите излагања се осврнаа на правата, но и обврските и одговорностите на децата согласно Законот за правда на децата, додека пак психологот посвети внимание на препознавањето на врсничкото насилство и неговото влијание врз менталното здравје.

Истиот ден беше одржана работилница со родители, наставен и стручен кадар од двете училишта на која се разви дискусија за мерките кои што треба да се преземат и како да се работи со децата со цел да се превенира врсничко насилство, кој пристап да се избере, како и каде да се пријават случаите на врсничко насилство. Особено не радува што беше покажан значителен интерес од родителите, наставниците, педагозите и психолозите присутни на работилницата да разговараат за врсничкото насилство и негово сузбивање во училиштата.

Овој проект е финансиски поддржан од Амбасадата на САД во Скопје и спроведуван во соработка со Основното јавно обвинителство Скопје.

project-img project-img project-img project-img project-img