Во рамки на проектот „Сексуална ориентација и родов идентитет (СОРИ) - Заштита од дискриминација“ на 04.09.2020 година се одржа промотивен караван на Фестивалот на новиот германски филм. На караванот присутните гости имаа шанса да се запознаат со проектот и неговите активности, како и да се информираат за различните форми на дискриминацијата и за сервисите кои се понудени од страна на Институтот за човекови права во однос на заштитата од дискриминација врз сите основи, а особено врз основа сексуалната ориентација и родовиот идентитет.