news-bg

Новости

Проект:
БОРБА ПРОТИВ САЈБЕР БУЛИНГ ВРЗ ДЕВОЈЧИЊА

РОДОВО БАЗИРАНА АНАЛИЗА ЗА ОНЛАЈН - ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО (САЈБЕР БУЛИНГ)

Зголемената достапност на дигиталните технологии во текот на последнава деценија резултираше со зголемување на стапката на онлајн-(сајбер) вознемирувањето. Повеќе од еден милион луѓе низ светов стануваат жртви на некој вид компјутерски криминал речиси секој ден, а ова ги вклучува и младите луѓе, активни во сајбер-просторот. Младите кои се вклучени во сајбер- булингот, најчесто се вклучени во три категории - како жртви, сторители или како случајни сведоци (трети лица сведоци на сајбер-булинг).

Онлајн-врсничкото насилство влијае на психолошката и на емоционалната состојба на личноста која е вознемирувана. Кога се работи за млади личности, тоа може да има трајни ефекти врз нивниот понатамошен развој и живот. Како посебен вид онлајн-(сајбер) вознемирување е родовобазираното онлајн-вознемирување, кое е насочено против некоја личност поради родот, односно кое несразмерно влијае врз лицата од одреден род. Иако ги погодува и момчињата, сепак, родовобазираното онлајн-вознемирување најмногу влијае врз девојчињата.

Анализата, со користење на квантитативно-квалитативен методолошки пристап, се осврнува на поединечни случаи на онлајн-врсничко насилство врз девојчињата, но и на конкретни примери на онлајн-врсничко насилство врз момчиња.

Целосната анализа на македонски јазик е достапна тука.

Целосната анализа на албански јазик е достапна тука.

project-img