news-bg

Новости

Проект:
НАМАЛУВАЊЕ НА РОДОВИТЕ СТЕРЕОТИПИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

Родовата еднаквост и образованието

Образованието е катализатор на социјалните промени и е неопходно за постигнување на основните човекови права. Целото општество има придобивки од образованите граѓани независно дали се работи за мажи или жени.

 

Преку предизвикувањето на родовите предрасуди и стереотипи низ образовниот процес може да се намалат родовите нееднаквости и во други сфери од животот.

Родово базираното насилство и сексистичкиот јазик не се непознати појави ниту во образованието, па поради тоа нужно е да се предизвикаат и деконструираат овие појави низ образование и тренинзи,  со помош на обучен кадар и соодветен материјал.

За жал родовите стереотипи исто така сé уште се застапени во учебниците и останати наставни материјали. Огромен број на стереотипи се застапени во учебниците, најчесто преку примери каде жените се прикажани во споредна улога.

Бројот на мажите сé уште е значително поголем во областа природните, математичките, компјутерските и инженерските науки, додека застапеноста на жените во овие области изнесува 28%. Ова истовремено создава ниска застапеност на мажите во општествените науки. Застапеноста на мажите и жените наједнакво е распределена во земјоделството и ветеринарството.

Традиционалните родови улоги на мажите и жените продолжуваат да имаат големо влијание врз нивната поделба дома, на работа и воопшто во општеството. Ова најчесто подразбира дека жените се задолжени за водење на домаќинството како и грижа за децата, додека мажите  „го носат лебот“ и се сметаат за заштитници.