Во периодот од 29 јуни до 1 јули 2026 година во Конгресниот центар во Охрид се одржа регионална конференција и обука за студенти на тема „Административна правда: Камен-темелник на владеењето на правото“.
Учесници на конференцијата беа професори по управно право од Северна Македонија, Србија, Хрватска и Словенија; судии од управните судови; претставници на второстепените управни органи; други релевантни чинители; како и студенти од Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот „Св. Климент Охридски“, кои ќе добијат и обука за административна социјална правда.
Заклучоци од Регионална конференција-Охрид.pdf
За време на тридневната обука, студентите преку интерактивен пристап (предавања, практични вежби, студии на случај и дискусии) и Прирачникот со модули подготвен во рамките на овој проект, имаа можност да научат повеќе за административната социјална правда, но и да ги продлабочат постојните знаења и да ги поврзат со практичната примена на административната и социјалната правда.
--------------------
Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „Иницијатива за административна социјална правда“ финансиски поддржан од Европската Унија.