news-bg

Новости

Проект:
СЕКСУАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И РОДОВ ИДЕНТИТЕТ (СОРИ) - ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

Работилници за студенти за спречување и заштита од дискриминација

Во рамки на проектот „Сексуална ориентација и родов идентитет (СОРИ) - Заштита од дискриминација “, Институтот за човекови права спроведува девет (9) работилници во средните школи и факултетите во земјата. Ваквите обуки имаат за цел намалување на стереотипите и предрасудите, зголемување на толеранцијата и сузбивање на врсничкото насилство и сајбер булингот.

Во изминатиот период беа одржани и три работилници со студенти. Првата работилница беше одржана на 18 ноември 2020 година на платформата  Zoom со студентите на  Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, втората се одржа со студентите oд Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола и последната работилница се одржа со студентите од Универзитет на Југоисточна Европа. 

Работилниците имаа за цел да ги информираат студентите за дискриминацијата, а особено за онаа врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет, како и да ги запознаат студентите со механизмите за заштита.

project-img