На 7 и 8 мај 2026 се одржа работилница за јакнење на капацитетите на избраните грантисти на која учествуваа претставници од Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп; Асоцијација Институт за социјална промена – ИнСоК Тетово и Центар за европска граѓанска иницијатива Кочани.
На работилницата, грантистите имаа можност да дознаат повеќе за застапувањето, зошто е тоа важно преку примери и практични вежби при што се иницираше дискусија за стратегиите за застапување и истите беа имплементирани преку практична вежба. Во текот на работилницата, беа презентирани меѓународните стандарди за административна социјална правда како и меѓународните механизми на известување (на Совет на Европа и на Обединетите Нации), при што грантистите имаа можност да споделат и своите искуства во однос на механизмите на известување и кои механизми тие ги искористиле низ својата работа да презентираат за актуелните состојби во државава