news-bg

Новости

Проект:
ИПА - ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО - ЧУВАР НА ДЕМОКРАТИЈАТА И ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Работилница на тема “Истражувачкото новинарство – чувар на демократијата и човековите права”

Центарот за управување со промени, во рамките на проектот финансиран од Европската   Унија, а во соработка со Институтот за човекови права, за студентите по новинарство и односи со   јавност од Државниот Универзитет - Тетово во хотелот “Буши” во Скопје ќе одржи работилница на тема "Истражувачкото новинарство – чувар на демократијата и човековите права”.

Работилницата ќе се одржи на 4 и 5 мај 2016 г. (среда и четврток) со почеток во 10:00 часот, а нејзината цел е да се зголемат капацитетите на студентите по новинарство и младите новинари и да ги развијат своите вештини и знаења во врска со истражувачкото новинарство.

Ова е втора од трите планирани работилници кои се ќе се одржуваат на државните универзитети. Работилницата ќе се состои од бројни предавања од страна на искусни новинари кои се занимаваат со истражувачко новинарство и правни експерти кои ќе ја третираат областа на слободата на медиумите и слободата на изразувањето. Студентите од сите академски години ќе бидат изложени на различни погледи и искуства, теоретско знаење, како и практична примена на истражувачкото новинарство како моќно оружје за заштита на демократијата и човековите права.

Проектот „Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права“ е проект финансиран од Европската Унија и се имплементира од страна на Центарот за управување со промени во соработка со Институтот за човекови права. Тој придонесува кон зајакнување на граѓанските организации кои делуваат во областа на слободата на изразување и медиумите и го подобрува нивното влијание врз процесот на креирање политики во однос на слободата на медиумите, ја подобрува соработката меѓу нив, како и го поддржува медиумскиот интегритет и ја зголемува професионалноста на новинарите и медиумски организации. Целта е насочена кон исполнување на стандардите и критериумите за членство во ЕУ, а релевантноста на проектот се обезбедува на мноштво начини. Тие опфаќаат воспоставување платформа на граѓански организации која активно ќе ги поттикне и промовира истражувачкото новинарство во областа на човековите права и правосудството (Глава 23 и 24) како и градење капацитети, развој на професионалните стандарди и етика со поддршка и соработка на медиумите: телевизија Телма, неделникот Фокус и веб порталот Novatv.mk, како соработници на проектот.