news-bg

Новости

Проект:
КОНТРОВЕРЗНИ ПРАШАЊА ВО УЧИЛИШНАТА ПРОГРАМА - РАЗВИВАЊЕ ЕФЕКТИВНИ ПРАКТИКИ И ПРИСТАПИ ВО НАСТАВАТА И УЧЕЊЕТО

Прва средба во рамки на проектот „Контроверзни прашања во училишната програма развивање ефективни практики и пристапи во наставата и учењето“

Во рамки на проектот „Контроверзни прашања во училишната програма - развивање ефективни практики и пристапи во наставата и учењето “, на 29 март Институтот за човекови права ја одржа првата онлајн средба со членовите на училишните тимови од 4 пилот училишта: СУГС „Георги Димитров“ – Скопје, СУГС Гимназија Раде Јовчевски-Корчагин – Скопје, ООУ„Вера Циривири - Трена“ – Скопје и ООУ „Јоаким Крчоски“ – Волково. Целта на оваа средба беше запознавање со програмскиот дел на проектот и улогата на училишните тимови во спроведување на проектните активности. Дополнително, беа објаснети обуките кои се дел од овој проект, како и менторската програма. 

Проектот „Контроверзни прашања во училишната програма - развивање ефективни практики и пристапи во наставата и учењето“ е финансиран заеднички од Европската Унија и Советот на Европа и се реализира во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието во периодот март - октомври во 2021 година.