news-bg

Новости

Проект:
СЕКСУАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И РОДОВ ИДЕНТИТЕТ (СОРИ) - ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

Прва работилница за ученици и студенти

Институтот за човекови права, во рамки на проектот„Сексуална ориентација и родов идентитет (СОРИ) - Заштита од дискриминација “спроведува девет (9) работилници во средните школи и факултетите во земјата. Ваквите обуки имаат за цел намалување на стереотипите и предрасудите, зголемување на толеранцијата и сузбивање на врсничкото насилство и сајбер булингот.

Првата работилница се одржа онлајн на платформата Zoom на 22 октомври 2020 година. Традиционалниот начин на одржување обуки и тренинзи, се надополни со безбеден онлајн простор за едукација кој е достапен до сите. Таа беше одржана во Средното економско и правно училиште на Град Скопје „Арсени Јовков“, а предавачи беа Неда Чаловска и Кренар Ѓоку. За време на работилницата учесниците имаа шанса да ги искажат своите дилеми и сфаќања поврзани со сексуалната ориентација и родовиот идентитет, како и да дознаат за разните механизми за заштита на себеси и своите соученици доколку се соочат со дискриминација, врсничко насилство и сајбер булингот.