news-bg

Новости

Проект:
ЗАЕДНИЧКА ЗАЛОЖБА ЗА ПОДОБРИ ДОСТИГНУВАЊА ВО СУДСТВОТО

Прва работилница за одговорност, ефективност и транспарентност во судството

Се одржа Првата работилница за одговорност, ефективност и транспарентност во судството во рамките на проектот Проект „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“.

Низ текот на работилницата беа опфатени разновидни теми.  Дел од темите кои се опфатија во текот на првиот ден на работилницата беа транспарентноста на судството, градењето на интегритетот на судиите и АКМИС, којашто беше презентирана од  Лазар Нанев, Судија во ОС Кавадарци и универзитетски професор на УГД. За статусот на судиите според меѓународните и домашните правни рамки говореше  Наташа Габер –Дамјановска,  Директорка на АСЈО на РСМ, ресурсите во судството како предуслов за ефективна правда беа претставени од страна на Проф. д-р Гордана Лажетиќ, Универзитетска професорка на УКИМ и справување со стресот во секојдневието и професијата, организација на работа и управување со времето беше опфатено од страна на Лидија Таневска Јадровска, Шеф на кабинетот на Претседателот на Врховен суд на РСМ.

Вториот ден беше  започнат од Наташа Габер –Дамјановска,  Директорка на АСЈО на РСМ  во врска со статусот на судиите според меѓународните и домашните правни рамки кое претставуваше продолжение на предавањето од претходниот ден. За управување со предмети во функција на интероперабилност говореше Проф. д-р Гордана Лажетиќ, Универзитетска професорка на УКИМ. Дисциплинската наспроти етичката одговорност на судиите како сегменти на отпочнатиот процес на реформи на судскиот систем беше опфатена од страна на Лазар Нанев, Судија во ОС Кавадарци и универзитетски професор на УГД, а пак за ефикасна интерна и екстерна комуникација на судовите говореше Лидија Таневска Јадровска, Шеф на кабинетот на Претседателот на Врховен суд на РСМ.

 

project-img project-img project-img