news-bg

Новости

Проект:
Контроверзни прашања во училишната програма - развивање ефективни практики и пристапи во наставата“

Прва обука за наставници за контроверзни прашања во училишната програма

На 20 и 21 април 2021 година во рамки  на проектот „ Контроверзни прашања во училишната програма - развивање ефективни практики и пристапи во наставата“ кој е финансиран заеднички од Европската Унија и Советот на Европа се одржа првата обука за наставници.

За време на обуката наставниците ги проучија контроверзните прашања, како предизвиците и придобивките со кои може да се соочат за време на наставата на овие прашања. Улогата на наставниците е од особена важност кога се работи за пристапот кон овие прашања како и нивното деконструирање пред нивните ученици. Наставниците се задолжени за создавање на безбедни услови и простор за дискусија.