news-bg

Новости

Проект:
НАМАЛУВАЊЕ НА РОДОВИТЕ СТЕРЕОТИПИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

Прирачник за наставници за примена на родова сензитивност во основно образовние

 Прирачникот за наставници за примена на родова сензитивност во основно образование е подготвен во рамки на проектот „Намалување на родовите стереотипи во образованието“, финансиран од кралствата Норвешка и Шведска, а подржан од Секретаријатот за европски прашања и канцеларијата на ОН за проектни услуги. Проектот е имплементиран од Институтот за човекови права (ИЧП), со поддршка од Бирото за развој на образованието, во период Јануари – Декември 2020 година. 

Цел на проектот е унапредување на родовата еднаквост, преку намалување на родовите предарсуди и стереотипи во основните училишта. Институтот за човекови права го подготви овој прирачник да им помогне на наставниците да ја интегрираат родовата еднаквост во образованието. 

Образованието има клучна улога во постигнувањето родова еднаквост, давајќи значаен придонес за постигнување на пошироки цели за личен развој на учениците. Ова се рефлектира во голем број меѓународни документи и декларации кои повикуваат на усвојување на политики и практики за постигнување на целите за родова еднаквост во и преку образованието.

 Унапредувањето на образованието е суштинска цел, којашто меѓународната заедница си ја постави да ја постигне до 2030 година. Тоа е причината зошто УНЕСКО и дава приоритет на родовата еднаквост во и преку образованието. Интересот за тоа е двократен: Како прво, образованието на девојчињата и жените е основно човеково право, но исто така е и суштинска спрега за одржлив развој и мир.

 Прирачникот е достапен на македонски и албански јазик. 

project-img