news-bg

Новости

Проект:
ЗАЕДНО ДО ПОКВАЛИТЕТНО ЛОКАЛНО НОВИНАРСТВО

ПРИЈАВА ЗА ЛОКАЛНИ МЕДИУМИ – НОВИНАРСКО ПРАКТИКАНТСТВО ВО ЛОКАЛНИ МЕДИУМИ

Текст преземен од Центарот за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ: https://mediumcenter.mk/?p=1252&fbclid=IwAR0EG4awWuGDsh-JSnlkstqZVlH8A9bV8OC6hoWcBW1n8-RmwbjQfkIt4kM


За потребите на проектот „Заедно за поквалитетно локално новинарство“ кој се спроведува во рамки на IPA 2020 EU FOR RULE OF LAW – EU support for Enhancing Journalists Rights”, a e финансиран од Европска Комисија, Центарот за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ, објавува:

Повик преку кој ги повикува сите локални медиуми од проектните општини Гостивар, Тетово, Куманово, Шуто Оризари, Дебар, Кичево, Струга и Охрид да се вклучат во тримесечната програма за практикантска работа, а со тоа да ги охрабрат и младите да бидат дел од локален новинарски тим. 

Од секој локален медиум (телевизија, радио, интернет портал), вклучено во три-месечна практикантска програма се очекува:

  • Одржување на редовна комуникација и состаноци со проектниот координатор или  менторите кои ќе бидат ангажирани;
  • Емитување/објавување на една новинарска сторија (анализа, мултимедијален натпис, интервју, колумна, репортажа, подкаст…) во зависност од преференциите на практикантот и локалниот медиум.
  • Преку овозможување на младите да бидат дел од вашиот медиум, вие добивате можност за збогатување на медиумската продукција со иновативност, свежина и младешки дух.

Право за пријавување и аплицирање на овој повик имаат сите заинтересирани локални медиуми (конкретно од проектните општини Гостивар, Тетово, Куманово, Шуто Оризари, Дебар, Кичево, Струга и Охрид) кои имаат желба и мотив да вклучат млади практиканти во својот новинарски локален тим.

Заинтересираните локални медиуми се пријавуваат преку пополнување на образец за пријава на локални медиуми за вклучување во програма за практикантство, достапен на линкот подолу.

Крајниот рок за аплицирање на повикот е 23.02.2024 година (петок), до16 часот.

Подетален опис на бараната услуга, условите за аплицирање, како и потребната документација може да најдете во прикачената тендерска документација:

Можете да аплицирате преку пополнување на пријавата за учество на линкот: 

ПРИЈАВА ЗА ЛОКАЛНИ МЕДИУМИ – НОВИНАРСКО ПРАКТИКАНТСТВО ВО ЛОКАЛНИ МЕДИУМИ

project-img