news-bg

Новости

Проект:

Прес конференција пред Собранието на Р.С. Македонија

Во среда 27.11.2019 година во 09:30 часот, пред Собранието на Република Северна Македонија, десет мрежи на здруженија на граѓани одржаа прес конференција на која повикаа на итен избор и именување на кадар во повеќе институции и тела од страна на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Се работи за институции кои се од исклучителна важност за демократизацијата на нашето општество како: Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Дирекцијата за заштита на лични податоци, Агенција за слободен пристап до информации од јавен карактер, Државниот завод за ревизија, програмски совет на МРТВ, Советот на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, Судскиот совет на Република Северна Македонија и надворешниот механизам за граѓанска контрола врз полицијата при Народниот правобранител. Позади оваа иницијатива стојат десет мрежи на здруженија на граѓани кои заедно обединуваат околу 100 здруженија и иницијативи кои активно работат на унапредувањето и заштитата на човековите права: Мрежа за заштита од дискриминација Платформа за борба против корупцијата Блупринт група за реформи во правосудство Национална мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата Платформа за родова еднаквост Мрежа 23 Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство - Глас против насилство Мрежа за застапување на интересите на Ромите Македонска платформа против сиромаштија Платформа за одржливост на програмите за превенција, грижа и поддршка за ХИВ.