news-bg

Новости

Проект:
МЛАДИНСКИ АКТИВИЗАМ ЗА ИНКЛУЗИВНО ОПШТЕСТВО

ПОВИК ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ: ПИШУВАЊЕ БЛОГОВИ

Shqip

✍️ Дали сакаш да пишуваш текстови и да освоиш 6000 ден? Сакаш да придонесеш кон промовирање на инклузивно општество? Имаш ли идеи за унапредување на мултикултурата во нашата држава? 💡💭

🖹 Напиши блог на оваа тема и испрати го на Институтот за човекови права. Авторите на избраните блогови ќе добијат надоместок од 6.000 денари. 


ТЕМА НА ПОВИКОТ

Главната тема на повикот за пишување блогови е унапредување на мултиетничко општество и промоција на мултикултурата во нашата држава.

Еве неколку предлог теми кои се надеваме дека ќе ве инспирираат:  
➡️ Образованието како алатка за промоција на мултикултурата и толеранцијата – како образовниот систем може да ги поттикне учениците да ја ценат културната разновидност и да придонесат за хармоничен соживот;
➡️ Младински иницијативи за промоција на меѓуетничка толеранција и соработка – улогата на младите во изградбата на почит и разбирање помеѓу различни етнички заедници преку заеднички проекти и активности;
➡️ Историја и развој на мултиетничкото општество во нашата држава – историските настани кои влијаеле на етничката и културната разновидност во земјата;
➡️ Религијата и мултиетничкото општество: Почитување на различните верски убедувања – различните религии во нашата држава и како тие придонесуваат за градење на мултикултурно и толерантно општество;
➡️ Мултикултурата во уметноста, музиката и традициите – културното наследство на различните етнички групи преку музика, уметност и традиции, со акцент на заедничкото живеење и споделувањето на културни вредности.
➡️ Улогата на медиумите во градење на мултиетничко и инклузивно општество – како медиумите можат да играат клучна улога во промовирањето на позитивни примери на меѓуетничка соработка.


КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА?

Овој повик е отворен само за ученици од средни училишта.


КОИ БЛОГОВИ ЌЕ БИДАТ ОБЈАВЕНИ И ЌЕ ОСВОЈАТ 6.000 ДЕНАРИ?

➡️ Целна група: Авторите мора да бидат ученици во средно училиште.
➡️ Јазична разновидност: Блогот треба да е напишан на македонски, албански, турски или ромски јазик.
➡️ Тематска насоченост: Темата на блогот треба да е во согласност со горенаведените теми.
➡️ Оригиналност: Блогот мора да биде оригинално дело на авторот, без плагијат.
➡️ Должина на текстот: Блогот треба да биде меѓу 800 и 1000 зборови.
➡️ Квалитет на содржината: Блогот треба да биде јасно напишан, со добро аргументирани ставови, и да поттикнува толеранција и инклузија.

Сите блогови ќе бидат разгледани врз основа на овие критериуми, а блоговите на одбраните автори ќе бидат објавени на Платформата за човекови права на Институтот за човекови права и ќе добијат надоместок од 6.000 денари.


КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ? 

Испрати го твојот блог на емаил адресата marija.chekredji@ihr.org.mk со наслов „Апликација за блог на [напиши го твоето ИМЕ И ПРЕЗИМЕ]“.

Блогот мора да биде доставен како WORD документ. Заедно со блогот, не заборавај да ни испратиш основни податоци за тебе. Во мејлот напиши го твоето:
➡️ Име и презиме
➡️ Средно училиште
➡️ Клас
➡️ Град

❗❗ Крајниот рок за аплицирање е 21 октомври 2024 година. ❗❗

Бројот на блогови кои ќе бидат објавени е ограничен, затоа испрати го твојот блог што побрзо! ⌛📨

Не ја пропуштај оваа можност да ја споделиш својата визија и да придонесеш кон позитивни општествени промени! 🌍



-----------------------

Оваа активност е дел од проектот „Младински активизам за инклузивно општество“ на Институтот за човекови права, кој се спроведува во рамки на проектот „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“, кој е финансиран од Европската унија (ЕУ), а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

project-img project-img