Институтот за човекови права (ИЧП), во рамките на проектот „Младите против врсничкото насилство” (финансиран од Амбасадата на САД во Скопје ) има потреба од услуги за изработка на визуелни продукти, кои ќе бидат неопходни за успешно реализирање на програмските активности.
Опис на активностите:
- Изработка на шест инфографици;
- Изработка на два GIF.
Подетален опис на услугите е даден во повикот и проектната задача:
Понудите се доставуваат по електронски пат, на следниов e-mail: vesna.stefanovska@ihr.org.mk.
Краен рок на доставување на понудите е до 2.12.2024 година.
Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.
За сите дополнителни појаснувања може да се обратите на е-маил адреса vesna.stefanovska@ihr.org.mk најдоцна до 28.11.2024 година.