news-bg

Новости

Проект:
МЛАДИНСКИ АКТИВИЗАМ ЗА ИНКЛУЗИВНО ОПШТЕСТВО

Покана за доставување понуди за набавка за изнајмување на простор за реализација на една работилница со средношколци 6/2024

Институтот за човекови права (ИЧП), во рамките на проектот „Младински активизам за инклузивно општество“, има потреба од изнајмување на простор за реализација на една работилници со средношколци во Куманово.

ИЧП има потреба од изнајмување на простор за одржување на една работилница и изнајмување на техничка опрема. Набавката е делива и проектот е ослободен од ДДВ.

Подетален опис на услугите е даден во поканата и техничката спецификација 5/2024:

Ве молиме да ни доставите ваша понуда за горенаведената покана.

Понудите се доставуваат по електронски пат, на следниов e-mail: marija.chekredji@ihr.org.mk.

Краен рок на доставување на понудите е до 16.5.2024 година.

Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на поканата, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда. За сите дополнителни појаснувања може да се обратите на е-маил адреса marija.chekredji@ihr.org.mk најдоцна до 12.4.2024 година.


Проектот „Младински активизам за инклузивно општество“ на Институтот за човекови права се спроведува во рамки на проектот „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“, кој е финансиран од Европската унија (ЕУ), а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).