news-bg

Новости

Проект:
ИПА - ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО - ЧУВАР НА ДЕМОКРАТИЈАТА И ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ 01/2017

За потребите на проектот "Истражувачко новинарство - чувар на демократијата и човековите права“ (финансиран од Делегација на ЕУ во рамките на програмата ИПА - Инструмент за граѓанско општество и медиуми 2014), а врз основа на Договорот за грант меѓу Делегација на ЕУ и Центарот за управување со промени (ЦУП) бр. IPA/2015/370-719 од 22.11.2015 година и ко-финансиран од Британската Амбасада во Скопје (во понатамошниот текст: Договорот за грант), проектниот тим на Институтот за човекови права испраќа:

ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ на ПОВИК 01/2017 за набавка на услуги - ангажирање ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА АНАЛИЗА ЗА ПРАВОТО НА СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Доколку сте заинтересирани Ве повикуваме да доставите понуда во согласност со Повикот 01/2017. Прилози:

1. Повик за доставување понуди 01/2017

2. Проектна задача ТоР 01/2017

 

Сите дополнителни појаснувања може да се добијат на писмено на е-маил адреса maja.stojanoska@ihr.org.mk или miroslav.draganov@ihr.org.mk до 06.02.2017 година (понеделник) до 16:00 часот.

Краен рок на доставување на понудите е до 10.02.2017 година (петок) до 16:00 часот.