news-bg

Новости

Проект:
МЛАДИНСКИ АКТИВИЗАМ ЗА ИНКЛУЗИВНО ОПШТЕСТВО

Покана за доставување на понуди за печатење на промотивни материјали 1/2024

Институтот за човекови права (ИЧП), во рамките на грантот „Младински активизам за инклузивно општество“ во рамките на проектот „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“, финансиран од ЕУ и спроведуван од УНДП, има потреба од набавка на услуги за дизајн, подготовка и печатење на промотивни материјали, кои ќе бидат неопходни за успешно реализирање на проектните активности.

Подетален опис на услугите е даден во поканата и техничката спецификација. 

Понудите се доставуваат по електронски пат, на следниов e-mail: marija.chekredji@ihr.org.mk.

Краен рок на доставување на понудите е до 27.02.2024 година.

Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на поканата, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.

За сите дополнителни појаснувања може да се обратите на е-маил адреса marija.chekredji@ihr.org.mk најдоцна до 22.02.2024 година.