news-bg

Новости

Проект:
ИПА - ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО - ЧУВАР НА ДЕМОКРАТИЈАТА И ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Покана за доставување на понуди на ПОВИК 02/2016 за набавка на услуги

За потребите на проектот "Истражувачко новинарство - чувар на демократијата и човековите права“(финансиран од Делегација на ЕУ во рамките на програмата ИПА - Инструмент за граѓанско општество и медиуми 2014), а врз основа на Договорот за грант меѓу Делегација на ЕУ и Центарот за управување со промени (ЦУП) бр. IPA/2015/370-719 од 22.12.2015 година (во понатамошниот текст: Договорот за грант), проектниот тим на Институтот за човекови права испраќа:

ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ на  ПОВИК 02/2016 за набавка на услуги - ангажирање ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

Доколку сте заинтересирани Ве повикуваме да доставите понуда во согласност со Повикот 02/2016.

Описот на надлежности и деталниот повик можат да се пристапат од следниве документи:

1. Покана за доставување понуди 02/2016

2. Проектна задача ТоР 02/2016

За сите дополнителни појаснувања може да се обратите на е-маил адреса maja.stojanoska@ihr.org.mk најдоцна до 08.03.2016 година до 16,00 часот.

Краен рок на доставување на понудите е до 11.03.2016 година најдоцна до 16.00 часот по електронски пат, на e-mail на Маја Стојаноска:maja.stojanoska@ihr.org.mk - проектен координатор.