news-bg

Новости

Проект:
БОРБА ПРОТИВ САЈБЕР БУЛИНГ ВРЗ ДЕВОЈЧИЊА

ПОЈАСНУВАЊЕ ПО ПОВОД ВЧЕРАШНИТЕ НАПИСИ ВО МЕДИУМИТЕ

Појаснување за медиуми.pdf


По повод известувањата пласирани во медиумите поврзани со завршниот настан организиран во рамките на проектот „Борба против сајбер-булинг врз девојчињата”, би сакале да појасниме дека одредени препораки од спроведениот проект беа несоодветно протолкувани во медиумите.

Имено, еден од заклучоците од одржаните работилници со ученици од средните училишта на територијата на Град Скопје беше дека во одредени автобуси се случува физичко насилство меѓу учениците на етничка основа и од таа причина учениците чувствуваат дека има потреба припадници на МВР во цивилна облека да бидат присутни на посочените автобуски линии. 

Институтот за човекови права на вчерашниот завршен настан ги посочи и ги пренесе заклучоците и ставовите на учениците, но не кажа дека припадници на МВР во цивилна облека ќе бидат присутни на посочените автобуски линии.


7.3.2024 година

Институт за човекови права

project-img