На 31.01.2019 во, ЕУ Инфо центарот во Скопје, во рамките на Почетниот настан за одбележување на ИПА 2014 Грантова шема „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество за ефективни реформи во правниот сектор", Институтот за човекови права го промовираше проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“ .
Овој проект ќе биде реализиран во соработка со партнерската организација Центар за правни истражувања и анализи и организациите - соработници Здружение на судиите и Здружение на судска администрација.
Целта на проектот е зголемување на влијанието на здруженијата на граѓани и професионалните здруженија во судските реформи преку нивно заедничко вклучување во оценувањето на работењето на судството, како и ефективна соработка со сите чинители во судството.