news-bg

Новости

Проект:
ЗАЕДНО ВО БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

ПЕТТИ МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РСМ

Во рамки на третата година од имплементацијата на овој проект ИЧП и понатаму врши континуиран мониторинг на работата на Државното правобранителство на РСМ (ДПРСМ) преку следење на судските и управните постапки во кои Државното правобранителство се јавува како странка во постапката, односно како овластен застапник, по закон, на државните органи. Согласно со законската регулатива,1 Државното правобранителство е орган кој ги штити имотните права и интереси на државата. Водејќи се од начелата на транспарентност, интегритет и одговорност, Државното правобранителство има обврска нив да ги почитува и да ги имплементира во своето функционирање. 

Во изминативе три години од спроведувањето на проектот и понатаму преовладува ставот дека работата на Државното правобранителство не е медиумски експонирана, не се преземаат доволно мерки за зајакнување и унапредување на неговите институционални капацитети и честопати, во јавноста, оваа институција се поистоветува со Народниот правобранител. Од таа причина, мониторингот што го спроведува ИЧП има за цел да ја доближи оваа институција до граѓаните, но и да ги детектира слабостите во работењето, кои потоа ќе претставуваат основа за изготвување на предлог-мерки за подобрување на работата на Државното правобранителство. 

Извештајот на македонски е достапен тука.

Извештајот на албански е достапен тука.

Кратко сиже на англиски достапно тука.