news-bg

Новости

Проект:
ИПА - ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО - ЧУВАР НА ДЕМОКРАТИЈАТА И ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Отворен повик за практикант/ка

Институтот за човекови права (ИЧП) e здружение на граѓани чија што цел е промовирање, унапредување и заштитата на човековите права и слободи во Република Македонија. ИЧП има потреба од ангажирање на практикант/ка за вклучување во административните и програмските активности.

Потенцијалните кандидати треба да ги исполнуваат следниве барања:

- завршен прв циклус на правни студии со стекнати 180 ЕКТС;

- користење на пишан и говорен македонски и англиски јазик, познавање на албански јазик ќе се смета за предност;

- познавање на работа со компјутер

- комуникациски способности и

- тимско работење.

Практикантот/ката ќе биде вклучен во реализација на тековните проектни активности согласно интересот и потребите на ИЧП. Првичниот ангажман е во времетраење од 3 месеци, почнувајќи од септември 2016, а за истиот ќе биде обезбеден финансиски надомест за храна и превоз.

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и мотивациско писмо по електронски пат на: ihr@ihr.org.mk најдоцна до 15 август 2016 година.

По завршување на огласот, ИЧП ќе стапи во контакт со потесно селектираните кандидати кои ќе бидат повикани на интервју.