news-bg

Новости

Проект:
СЕКСУАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И РОДОВ ИДЕНТИТЕТ (СОРИ) - ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

Онлајн Академија за човекови права

 #IHRAcademywww.ihracademy.org.mk e првата онлајн академија за Е-учење на македонски јазик, која што нуди можност за едукација и доедукација во областа на човековите права.
Едукативните онлајн курсеви поставени во рамки на академијата, кои опфаќаат низа теми за човекови права, се изработени од меѓународни и домашни експерти, со цел да се подобрат знаењата и вештините кои директно може да се применуваат во секојдневната работа.
Институтот за човекови права е пионер во невладиниот сектор во областа на Е-учење и креирање на единствена платформа за неформално образование на македонски јазик. 
Ваквиот пристап е влог во иднината и корисна алатка за да го задржиме и унапредиме процесот на заштита и зајакнување на човековите права.
Регистрирај се, започни да учиш и надогради го твоето портфолио со бројни сертификати издадени од страна на Институтот за човекови права!
Онлајн академијата на Институтот за човекови права е изработена во рамки на проектот „Сексуална ориентација и родов идентитет (СОРИ) - Заштита од дискриминација “, со поддршка од Германската амбасада Скопје.