news-bg

Новости

Проект:
ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА ВРЗ ОСНОВА НА СЕКСУАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И РОДОВ ИДЕНТИТЕТ

Одржана првата обука за правни професионалци за Заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет

Во рамките на проектот Заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, на 19ти (петок) и 20ти (сабота) април во хотелот Белведере во Охрид Институтот за човекови права ја одржа првата обука за правни професионалци и практичари која имаше за цел градење на капацитетите за заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет. Обуката им ги посочи на учесниците правните механизми кои можат да се користат во Северна Македонија за заштита од дискриминација базирана на тие две основи како и релевантната судска пракса на меѓународно и национално ниво во областа на човековите права и заштитата од дискриминација со фокус на сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Предавачите на обуката беа Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија во Судот за човекови права во Стразбур и Софија Бојковска, самостојна адвокатка која успешно води случаи во областа на заштита од дискриминација како пред домашните институции, така и пред Судот во Стразбур.