1. „Добар ден, ве молам за инфо дали може да аплицираме на повикот бидејќи имаме добиено и спроведуваме проект во текот на 2026 година на EuropeAid/ 180645 - North Macedonia: Thematic Programme on Human Rights and Democracy 2023-2024?“
- Доколку имате добиено и моментално спроведувате проект финансиран од програмата EuropeAid/ 180645 - North Macedonia: Thematic Programme on Human Rights and Democracy 2023-2024?, не може да аплицирате на овој повик за предлог проекти. Овој повик за предлог проекти се реализира во рамки на проектот „Инцијатива за социјална административна правда“ кој е финансиран од истата програма, а спроведуван од Институтот за човекови права.
2. „Дали лицата наведени во буџетот во делот 'Човечки ресурси' мора да бидат вработени или може со договор на дело?“
- Лицата наведени во делот 'Човечки ресурси' не мора да бидат вработени, може да бидат и ангажирани и со договор на дело. Но, не е дозволено да се ангажираат со договор за дело лица кои се вработени во државни институции. Трошоци за плати или надоместоци за лица кои се вработени во државни институции се неприфатливи трошоци кои нема да бидат покриени со грантот.
Сумите предвидени за исплата на физички лица во буџетот, треба да се наведени во бруто износ бидејќи мора да се плати персонален данок.
1. „Би сакал да добијам информација, во кој дел од буџетот да ги ставиме надоместоците за стручни соработници, кои не се дел од тимот, дали во трошоци (логички ми е да се тука) за настани или во други трошоци?“
- Доколку стручните соработници би биле ангажирани со цел реализација на настани, би требало да бидат ставени во буџетската ставка '4. Трошоци за настани'. Доколку би биле ангажирани со цел реализација на други активности, би требало да бидат ставени во буџетската ставка '5. Други трошоци'.
Последно ажурирање: 6.3.2026