news-bg

Новости

Проект:
ИПА - ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО - ЧУВАР НА ДЕМОКРАТИЈАТА И ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Обука на тема “Истражувачкото новинарство – чувар на демократијата и човековите права”

Центарот за управување со промени, во рамките на проектот финансиран од Европската Унија, а во соработка со Институтот за човекови права, на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, ќе одржи обука на тема “Истражувачкото новинарство – чувар на демократијата и човековите права”.  Обуката ќе се одржи на 10 и11 мај 2016 г. (вторник и среда) со почеток во 10:00 часот, а нејзината цел е да се зголемат капацитетите на студентите по новинарство и младите новинари и да ги развијат своите вештини и знаења во врска со истражувачкото новинарство.

Ова е трета од трите планирани обуки. Претходните две обуки веќе се одржаа на државните универзитети УКИМ, Скопје и на ДУТ од Тетово. Обуката ќе се состои од бројни предавања од страна на искусни новинари кои се занимаваат со истражувачко новинарство и правни експерти кои ќе ја третираат областа на слободата на медиумите и слободата на изразувањето. Студентите од  сите академски години ќе бидат изложени на различни погледи и искуства, теоретско знаење, како и  практична примена на истражувачкото новинарство како моќно оружје за заштита на демократијата и човековите права.