Образованието е неизбежен дел од животниот циклус на секоја индивидуа, па поради тоа неговиот квалитет има огромно влијание врз нејзиниот континуиран развој.
Правото на образование, односно образовниот процес претрпе огромни промени како резултат на пандемијата, а последиците од нејзиното влијание допрва ќе ги дознаеме. Целосната трансформација која настана како резултат на пандемијата, несомнено суштински влијаеше на спроведување на образовниот процес, во однос на неговото реализирање од страна на наставниците, но и од аспект на проактивност на учениците и нивна заинтересираност во следење на наставата на далечина.
Ова истражување има за цел да ги разгледа перспективите на двете најзасегнати страни во образовниот процес односно, на учениците и наставниците во учебната 2020/2021 година. За таа цел беа подготвени два прашалника, односно еден прашалник за наставници и еден за ученици кои се однесуваа на учебната 2020/2021 година.