news-bg

Новости

Проект:
ЗАЕДНО ДО ПОКВАЛИТЕТНО ЛОКАЛНО НОВИНАРСТВО

НОВИНАРСКО ПРАКТИКАНТСТВО ВО ЛОКАЛНИ МЕДИУМИ – АНГАЖИРАЊЕ НА МЛАДИ НОВИНАРИ-ПОЧЕТНИЦИ

Текст преземен од Центарот за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ: https://mediumcenter.mk/?p=1246


За потребите на проектот „Заедно за поквалитетно локално новинарство“ кој се спроведува во рамки на IPA 2020 EU FOR RULE OF LAW – EU support for Enhancing Journalists Rights”, a e финансиран од Европска Комисија, Центарот за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ, објавува:

Повик за ангажирање на 15 (петнаесет) млади новинари/студенти во три-месечна практикантска програма која вклучува практична работа во професионални локални медиуми.

Од секое младо лице, вклучено во три-месечна практикантска програма и ангажирано како практикант/ка во одреден локален медиум се очекува:

  • Одржување на редовна комуникација и состаноци со одредениот ментор и пополнување на работно досие (дневник на учење);
  • Продукција на една новинарска сторија (анализа, мултимедијален натпис, интервју, колумна, репортажа, подкаст…) во зависност од преференциите на практикантот и локалниот медиум.

Избраните кандидати ќе имаат можност да учествуваат во креирањето на новинарски содржини и да работат со свој ментор задолжен за помош и едукација при стекнување на практична работа на теми поврзани со истражувачката работа, етиката во новинарството, новите трендови во новинарството, итн. Тие ќе станат членови со одредено работно време во локалниот медиум и ќе бидат финансиски поддржани во период од три месеци.

Право за пријавување и аплицирање на овој повик имаат сите заинтересирани студенти по новинарство, студенти на општествени науки и млади новинари – почетници кои имаат желба и мотив да бидат дел од новинарски локален тим и да работат на новинарски задачи во професионални локални медиуми (конкретно од проектните општини Гостивар, Тетово, Куманово, Шуто Оризари, Дебар, Кичево, Струга и Охрид).

Заинтересираните кандидати се пријавуваат индивидуално преку пополнување на образец за пријава на студенти – практикантство во локален медиум, достапен на линкот подолу.

*Дополнително избраните кандидати ќе бидат контактирани и ќе им биде побарано да достават и своја професионална биографија.

Крајниот рок за аплицирање на повикот е 23.02.2024 година (петок), до16 часот.

Подетален опис на бараната услуга, условите за аплицирање, како и потребната документација може да најдете во прикачената тендерска документација: 

Можете да аплицирате преку пополнување на пријавата за учество на линкот:

ПРИЈАВА ЗА СТУДЕНТИ/НОВИНАРИ-ПОЧЕТНИЦИ – НОВИНАРСКО ПРАКТИКАНТСТВО ВО ЛОКАЛНИ МЕДИУМИ

project-img