Судскиот совет, во периодот на известувањето, значително ја зголемил својата активност со редовно објавување реакции и соопштенија до јавноста во врска со актуелни случувања кои влијаат на независноста на судството. За разлика од претходно, Судскиот совет упатува реакции до јавноста, не само за работи кои се директно поврзани со нивната секојдневна ангажираност, туку реагира и на објави во медиуми, искази на обвинители, адвокати со кои се напаѓа работата и независноста на судството, а во насока на заштита на судството и на потенцирање на независното работење. За да може поважните информации да стигнат до пошироката јавност, препорака е, Судскиот совет своите реакции/соопштенија, да ги испраќа и директно до новинарите, а со цел доближување до граѓаните и до пошироката јавност....
Целосниот мониторинг извештај можетеда го пронајдете на линкот подолу
Мониторинг-извештај за работата на Судскиот совет на РСМ бр. 6
Мониторинг-извештај за работата на Судскиот совет на РСМ бр. 6 на албански