news-bg

Новости

Проект:
УСТАВНИОТ СУД - ЗАШТИТНИК НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО

КРАТОК ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА УСТАВНИОТ СУД БР.1

Институтот за човекови права ја набљудува работата на Уставниот суд во рамки на проектот „Уставниот суд – заштитник на владеењето на правото“ овозможен со поддршка од Кралството Холандија. 

Овој извештај се однесува на периодот од 1 октомври 2020 до 31 јануари 2021 година.

При разгледување на сработените предмети на Уставниот суд, во периодов на известување, согледуваме дека во работа имал 67 иницијативи за поведување постапка за оценување на уставноста на закон или уставноста и законитоста на друг пропис и 7 барања за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот. Сите иницијативи се поднесени од други подносители, а ниту една постапка за оценување на уставноста и законитоста не е започната по иницијатива на Судот. Дополнително, Судот не расправал по ниту еден предлог за решавање на судир на надлежности.

Целосниот извештај  е достапен тука.

RAPORT PËR PUNËN E GJYKATËS KUSHTETUESE

project-img