news-bg

Новости

Проект:
КОНТРОВЕРЗНИ ПРАШАЊА ВО УЧИЛИШНАТА ПРОГРАМА - РАЗВИВАЊЕ ЕФЕКТИВНИ ПРАКТИКИ И ПРИСТАПИ ВО НАСТАВАТА И УЧЕЊЕТО

„Контроверзни теми во училница: Да се избегне или дискутира?“

На 4ти ноември 2021 година се одржа завршната конференција во рамки на проектот „Контроверзни прашања во училишната програма – развивање ефективни практики и пристапи во наставата и учењето“ поддржан од заеднички проект помеѓу Европската Унија и Советот на Европа. 
Оваа конференција насловена како „Контроверзни теми во училница: Да се избегне или дискутира?“ беше организирана во соработка со Здружение Лидери за едукација, активизам и развој.

За времетраењето на проектот, како и на завршната коференција, фокусот беше насочен кон контроверзните прашања и нивната деконструкција, односно дали да се избегнат или да се дискутираат. На оваа конференција беа присутни наставници од средните и основните училишта, кои беа активни за време на двата проекта и ја разработуваа проблематиката на контроверзните прашања. Допонително наставниците кои беа дел од обуките организирани во рамките на проектот, имаа можност на своите колеги и присутните да им ги споделат искуствата и предизвиците со кои се соочиле за време на градење на капацитетите.


project-img